SportM
Фудбал

Сцени на кои не се сеќавате: Ѕвездите на ПСЖ изведуваа корна со полициското обезбедување (ВИДЕО)

Д М25 окт 2021
Сцени на кои не се сеќавате: Ѕвездите на ПСЖ изведуваа корна со полициското обезбедување (ВИДЕО)

Ни доаѓаат неверојатни сцени од дербито на француската Лига 1 помеѓу Марсеј и ПСЖ.

Атмосферата на трибините беше вжештена, а домашните навивачи го исвиркаа секој контакт на гостинските фудбалери, а на теренот заврши еден случај што предизвика поостри реакции кај полицијата и обезбедувањето.

https://twitter.com/i/status/1452364381711388682

Имено, при корнерот, Нејмар имаше обезбедување и полиција околу себе за навивачите на Марсеј да не го удрат со предмет, а слична ситуација беше кога Лионел Меси ја имаше топката при еден прекин во близина на трибината каде што се најжестоките навивачи на Марсеј.

Ова дерби предизвика големо внимание, но и подготовка и на локалните и на државните полициски сили.

Натпреварите на овие два тима секогаш носат со себе голема доза навивачка страст, а претходните натпревари предизвикуваа многу проблеми, хулиганство и немири на улиците околу стадионот, но и на самиот стадион.

Француската полиција како никогаш досега се подготвуваше за дербито меѓу Марсеј и ПСЖ, а клубовите веќе добија предупредување од тамошната федерација за можни казни во случај на нереди на теренот, додека домаќинот доби посебни инструкции за време на натпреварите кога е во прашање безбедноста.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.