SportM
Фудбал

Сцени од Шкотска ја шокираа Велика Британија при едноминутно молчење: „Лизи е во кутија…“

Д М18 сеп 2022
Сцени од Шкотска ја шокираа Велика Британија при едноминутно молчење: „Лизи е во кутија…“

Фудбалерите на Хибернијан вчера одиграа на свој терен против Абердин во осмото коло на шкотската Лига.

Се очекува игрите викендов во Велика Британија да започнат со едноминутно молчење за смртта на кралицата Елизабета Втора, која ја потресе земјата минатата недела.

Кралицата Елизабета Втора владееше со Велика Британија 70 години, а минатата недела почина на 96-годишна возраст во Шкотска.

Погребот ќе се изврши во понеделник, а последните денови владее голема тага низ земјава. Сепак, има и такви во Велика Британија кои не биле толку потресени од смртта на кралицата.

Тоа се виде и на вчерашниот натпревар меѓу Хибернианс и Абердин, кога навивачите на домашниот клуб ја згрозија јавноста на островот со своето однесување во минута молчење.

Некои фанови на Хибернианс свиреа за време на едноминутниот молк за кралицата, но некои од нив пееја дури и погрдна песна која особено ја остави без зборови јавноста во Англија.

„Лизи е во кутијата“, пееја навивачите на Хибернианс.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледаат како некои навивачи на овој клуб покажуваат среден прст кон големиот екран на стадионот, на кој имаше фотографија од кралицата Елизабета Втора.

https://twitter.com/AidanDuffy07/status/1571137819380416512

За одбележување е дека овој натпревар заврши со резултат 3:1 за домашната екипа која цело второ полувреме играше со играч повеќе.

Гостите го шокираа домашниот тим во четвртата минута кога поведоа со 1:0 со голот на Дуке, но Бојл успеа да го израмни резултатот на 1:1 во судиското надополнување на првиот дел.

Во вториот дел Хибернијан постигна уште два гола, а јунак беше Кембел, кој двата пати ја затресе мрежата на Абердин и на тој начин му донесе три бода на својот тим.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.