SportM
Фудбал

Суарез го надмина Меси со голови во квалификациите за СП и стана најдобар стрелец во Јужна Америка

Д М2 фев 2022
Суарез го надмина Меси со голови во квалификациите за СП и стана најдобар стрелец во Јужна Америка

Уругвајскиот фудбалски репрезентативец Луис Суарез ноќеска реализираше пенал во квалификациите за Светското првенство 2022 против Венецуела (4:1).

Напаѓачот на Атлетико го постигна својот 28-ми гол во Мундијалските квалификации и се искачи на првото место во Јужна Америка пред Лионел Меси со 27 гола.

Воедно, Суарез се најде на делба на 4. место во светот со Иранецот Карим Багери, кој исто така има 28 гола.

Рекордот му припаѓа на Карлос Руиз од Гватемала – 39 гола во квалификациите за СП. Во топ 3 се и Кристијано Роналдо (Португалија, 36 гола) и Али Даеи (Иран, 35).

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.