Connect with us

Фудбал

Судијата означи крај на натпреварот, по што следуваше најголемото славје во клупската историја! (ВИДЕО)

Рома синоќа го освои првото издание на Конференциската лига со победа во финалето над Феенорд.

Гол вреден за европска титула во 32. минута од натпреварот постигна Заниоло.

Финалето на првото издание на ова натпреварување се одигра на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана.

 

Рома поведе и беше во подредена позиција до крајот на натпреварот, ривалот имаше зрела шанса да израмни, но тимот на Мурињо издржа и ја освои големата титула.

 

Веднаш потоа, по пет минути продолжение, романскиот судија Иштван Ковач означи крај на натпреварот, настана големо славје и одма навивачи на Рома го преплавија тревникот на Олимпико каде исто така се следеше натпреварот.

 

Погледнете ги сцените кои вечно ќе се паметат во главниот град на Италија.

За Рома ова е прв трофеј од 2008 година кога го освои Купот и Суперкупот на Италија.

 

Реклама

Facebook