SportM
Фудбал

Сунес: Роналдо најдобар досега, Тен Хаг наскоро ќе го заборави

Д М27 окт 2022
Сунес: Роналдо најдобар досега, Тен Хаг наскоро ќе го заборави

Грем Сунес, поранешниот ас на Ливерпул, а подоцна и менаџер на славниот клуб го искажа своето мислење за односот помеѓу Кристијано Роналдо и Ерик Тен Хаг, менаџерот на Манчестер Јунајтед.

На дуелот против Тотенхем, кој Манчестер го доби со 2:0, Роналдо прво одби да влезе во игра, а потоа пред крајот на натпреварот отиде во соблекувалната.

Поради ова тој беше отстранет од тимот за дуелот со Челзи. Сепак, работите сега и официјално се средија и славниот Португалец повторно тренира со првиот тим.

За пет години, Тен Хаг ќе биде далеку од Манчестер и никој нема да се сеќава на времето поминато во Јунајтед“. Од друга страна, Роналдо ќе остане запаметен како најдобриот кој некогаш играл фудбал“, изјави Сунес.

Јунајтед вечерва му гостува на Шериф во Лига Европа и се очекува Роналдо да биде во игра за тимот.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.