SportM
Ракомет

Супер засилување за Еурофарм Пелистер, потпиша репрезентативецот Мартин Серафимов

E R7 апр 2026
Супер засилување за Еурофарм Пелистер, потпиша репрезентативецот Мартин Серафимов

Македонскиот ракометен репрезентативец Мартин Серафимов следните две години ќе биде играч на Еурофарм Пелистер.

– Нашиот клуб секогаш бил асоцијација за македонската репрезентација и во секој успех вградил многу свои членови и протагонисти. Затоа секој потпис на македонски репрезентативец многу ни значи. Денес го официјализираме како наш нов член Мартин Серафимов, десниот бек на националниот тим. Тој потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер и од сезоната 2026/27 ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. Со потписот на 26-годишниот Серафимов нашиот клуб добива квалитет и инвестиција која ќе остави трага во клубот и градот, објави битолскиот клуб.

Серафимов во Битола доаѓа од Алкалоид, а претходно го носеше дресот на Металург.

Мартин Серафимов како нов ракометар на Еурофарм Пелистер ќе биде официјализиран во јули оваа година, пред стартот на летните подготовки.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.