Фудбал
Светот ја чека пораката на Меси: Минутите се одбројуваат до конечната одлука
Во следните часови, Лионел Меси ќе излезе во јавноста да ја објави својата конечна одлука, а во исто време да ја заврши сагата за неговата иднина.
Поминаа точно 10 дена откако Меси побара раскин на договорот испраќајќи изјава дека „време е да раскинеме“ и се чини невозможно Аргентинецот да остане. Тој се осврна на клаузула според која може еднострано да го раскине договорот на крајот на секоја сезона, но се покажа дека овој пат доцни со реакцијата.
Во меѓувреме, Барселона продолжи да врши притисок и да побара од својата икона да се согласи на нов договор. Сега, наводно, Меси одлучи да остане уште една сезона, а потоа, тој би заминал во друг клуб следното лето како слободен агент.
Сепак, Меси денес ќе издаде официјално соопштение за да разјасни сè, а „Марка“ наведува дека тоа ќе го стори преку видео порака, а не по текст.
Соопштението на Меси го чекаме десетина дена, а сега целиот свет го чека конечниот одговор на еден од најдобрите на сите времиња. Оди или останува.