SportM
Други

Светскиот првак доживеа тежок пад на тренингот (ВИДЕО)

Редакција5 фев 2025
Светскиот првак доживеа тежок пад на тренингот (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Светскиот шампион во Мото ГП Хорхе Мартин доживеа несреќа на патеката во Малезија Сепанг за време на тренинзите пред почетокот на новата сезона, која започнува на 28 февруари.

Додека се возел, 27-годишниот шпански мотоциклист изгубил контрола над својата Aprilia, полетал во воздух и при паѓање удрил со глава на патеката. Кацигата му го спасила животот, а итно бил префрлен во болница и задржан на прегледи.


Иако падот изгледал застрашувачки, според првичните информации тој не се здобил со повреда на главата. Според пишувањата на медиумите, тој чувствува болки во левото стапало и десната рака. Мартин минатата сезона како член на Дукати ја освои првата титула светски шампион со само три победи, а оваа сезона се пресели во Априлија.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.