SportM
Фудбал

Sвездата на Баерн се пожали: „Ќе кажам отворено и искрено…“

Д М10 мар 2020
Sвездата на Баерн се пожали: „Ќе кажам отворено и искрено…“

Играчот од средниот ред на Баерн, Леон Горецка тешко го прифаќа фактот дека тој седи на клупата и покрај тоа што, како што самиот тврди, тој игра во животна форма.

Со Нико Ковач, Горецка беше претежно стартер, но со заминувањето на хрватскиот стручњак, поранешниот играч на Шалке го загуби местото во стартните 11.

Тој одигра вкупно четири минути на последните два натпревари во Лигата на шампионите, последен пат во Бундеслигата го одигра целиот натпревар против Херте во јануари, кога забележа две асистенции.

„Јас сум во одлична форма, веројатно најдобрата форма во целата моја кариера. И, секако не сум среќен кога не сум во првите 11″, изјави 25-годишниот, додавајќи:

„Ќе кажам искрено и отворено, но сепак морам да ги прифатам тие одлуки на тренерот кој одлучува за тимот“.

Оваа сезона, Горецка има постигнато пет гола за нешто повеќе од 1.000 минути со шест асистенции.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.