Тајна средба во Јунајтед: Само двајца играчи гласаа за опстанок на Мурињо

Британскиот весник „Daily Mirror“ открива дека во смената на Мурињо директно учествувале фудбалери од Манчестер Јунајтед.
Очигледно потпретседателот на познатиот клуб од „Олд Трафорд“, Ед Вудворд, закажа таен состанок со играчите за да го чуе нивното мислење за тоа дали да му даде отказ на Мурињо.
Од сите фудбалери на Манчестер Јунајтед, само двајца гласаа за опстанок на Мурињо додека сите други мислеа дека заслужува да биде отпуштен од работа.
За останување на Мурињо гласаа само Лукаку и Немања Матиќ, двајцата фудбалери кој португалскиот тренер ги доведе на Олд Трафорд.
Исто така, наводно, играчите на Манчестер Јунајтед дури го прославија заминувањето на Мурињо. Прославата ја предводеше Погба, кој беше во лоши односи со својот поранешен тренер, и кога Вудворд објави, играчот од средниот ред славеше со неговите соиграчи.
„Никој не сака да види некој да остане без работа, но на тренингот беше сосема поинаква атмосфера од вообичаеното. Играчите се смееја, тие беа среќни, а атмосферата во еден ден се промени како ден и ноќ“, изјави извор од Јунајтер за „Mirror“.



