SportM
Фудбал

Така прават големите клубови: Господски потег на Виљареал по натпреварот против Ливерпул

Д М4 мај 2022
Така прават големите клубови: Господски потег на Виљареал по натпреварот против Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во финалето на Лигата на шампионите откако синоќа во реваншот го совладаа Виљареал со 3-2.

„Црвените“ славеа дома со 2:0 во првиот меч, но синоќа Виљареал одигра фантастично и се чинеше дека може да гледа вистинска драма на стадионот „Де ла Керамика“.

Виљареал одигра брилијантно во првото полувреме и успеа да ја намали разликата од првиот натпревар. Домашните поведоа во третата минута кога погоди Диа, додека Кокелин во 41. минута постигна гол за 2-0.

 

Сепак, во вториот дел сликата на теренот тотално се промени. Ливерпул успеа да дојде до својата игра, а брзо следеше пресврт. Гостите дојдоа до победа од 3:2 и на крајот заслужено се пласираа во големото финале.

 

Виљареал ги воодушеви сите оваа сезона од Лигата на шампионите, но едноставно немаа сили за уште една сензација. Жолтата подморница секако е најголемото изненадување оваа сезона и во дуелот против црвените фудбалерите на овој тим се бореа до последниот атом од силите, но не успеаја.

 

По натпреварот во центарот на вниманието беше објавата на Виљареал на социјалните мрежи, која ја воодушеви фудбалската јавност.

 

Во Виљареал веднаш по синоќешниот натпревар се огласија на Твитер за да му честитаат на Ливерпул за заслужената победа и напредок, а на англискиот клуб му посакаа среќа во финалето.

 

„Виљареал сака да му честита на Ливерпул за пласманот во финалето на Лигата на шампионите. Среќно во иднина, црвени, вие сте фантастичен тим“, соопштија од шпанскиот клуб.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.