Татко го разоткри синот: Познато е зошто пропадна најголемата зделка на Барселона летово

Како „клуб без пари“ Барселона направи одличен преоден рок.
Во клубот пристигнаа играчи како Левандовски, Кунде, Рафиња, Кесие и Кристенсен, а голема работа е продолжувањето на договорот со Усман Дембеле, кој игра како препороден.
Сепак, најголемиот трансфер можеше да се случи во последен момент, но не се случи. Голема желба на Барселона беше Бернардо Силва, кој на крајот остана во Манчестер Сити.
Извршниот директор на Манчестер Сити, Феран Сориано, пред затворањето на преодниот рок јасно стави до знаење дека не сака да ја загуби португалската ѕвезда. Запрашан дали Силва ќе остане, тој рече: „Секако“.
Таткото на Силва, Пауло Силва, расветли зошто неговиот син останал во Манчестер Сити.
„Имаше многу разговори, но конкретна понуда не стигна навреме“, изјави тој за Stats Perform.
„Кога конечно дојде, веќе не беше вистинското време за сите вклучени страни. Работите мора да се одвиваат рационално и тоа не беше идеално сценарио за Бернардо“, истакна тој.
„Тој е зрел играч. Има 28 години. Работите мора да се договорат и да се решаваат рационално, а не емотивно“, додаде таткото на фудбалерот.
Оваа сезона Силва досега постигна два гола и додаде исто толку асистенции во Манчестер Сити, а неговиот тим е фаворит за одбрана на титулата во Англија.



