Таткото на Лео Меси и дава надеж на Барселона: „Се надевам дека мојот син ќе се врати таму“

Лионел Меси по 21 година ја напушти Барселона во слободен трансфер и замина во ПСЖ.
Аргентинецот потпиша договор на три сезони со ПСЖ, но игрите кои ги пружи му донесоа критики од навивачите и експертите.
Лигата на шампионите остана само сон оваа сезона бидејќи таму беа запрени во осминафиналето од Реал Мадрид, но барем успеаја да ја вратат француската титула.
Доаѓањето на Лео Меси во ПСЖ беше тешко, а напаѓачот никогаш не покажа дека е опуштен и навикнат на тоа. Поради тоа, се отворија прашања за неговата иднина, а сега таткото на играчот долева масло на огнот.
На аеродромот во Барселона, Хорхе Меси беше испрашуван за кариерата на неговиот син и не се двоумеше да им даде надеж на каталонските навивачи.
Се надевам дека Лео еден ден ќе се врати во Барселона“, изјави Хорхе Меси, пренесува El Chiringuito.



