Тажната порака на Нејмар пред вечерашниот натпревар помеѓу Барселона и ПСЖ

Барселона и ПСЖ го играат првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите вечерва на „Камп Ноу“.
По двомесечна пауза во Лигата на шампионите, конечно ни се враќа со спектакуларен судир помеѓу Барселона и ПСЖ.
Многумина со нетрпение ја очекуваа оваа средба и враќањето на Нејмар на Камп Ноу, но тоа нема да се случи затоа што Бразилецот се повреди минатата недела на натпреварот од Купот на Франција и ќе го пропушти вечерашниот натпревар.
Очигледно е дека тоа беше многу тешко за Нејмар, кој со нетрпение чекаше да се врати во Барселона, како што покажа и неговиот пост на Твитер. Тој откри дека тоа е еден од најдобрите три натпревари што сакал да ги игра во својата кариера.
„Најдобрите 3 натпревари што сакав да ги играм најмногу“, напиша Нејмар пред вечерашниот дуел.
Top 3 dos jogos que eu mais queria jogar 😢
— Neymar Jr (@neymarjr) February 16, 2021



