Connect with us

Фудбал

„Те викаат вистински Роналдо. Што мислиш, како се чувствува Кристијано? Ел Феномено одговори со еден збор

Иако Кристијано Роналдо со години е на највисоко ниво и е еден од најдобрите фудбалери во светот на сите времиња, сепак многумина имаат навика да кажат дека поранешниот бразилски репрезентативец Роналдо Луиз Назари де Лимо е „вистинскиот Роналдо“.

За да направат јасна разлика меѓу двајцата, фановите на славниот Роналдо, бразилскиот, најдоа начин да ја истакнат неговата инфериорност кон Португалецот, па му го дадоа прекарот „вистински“.

Бразилецот, двократен светски победник во 1994 и 2002 година, се согласи да зборува за споредби меѓу него и португалската ѕвезда. Запрашан како мисли дека се чувствува Кристијано кога го нарекуваат „вистинскиот Роналдо“, Бразилецот со еден збор одговори: „досадно“.

„Мислам дека на Кристијано му е досадно секогаш да слуша дека јас сум вистинскиот Роналдо. Луѓето не можат да се споредуваат. Кристијано ќе остане запишан во фудбалската историја поради неговите голови и неговиот континуитет на високо ниво. Тој ќе остане еден од најдобрите во светот, како Меси“, рече „вистинскиот“ Роналдо.

Славниот Роналдо на 22 септември наполни 45 години. Десет години откако ја заврши кариерата изгледа непрепознатливо и запоставено, а тоа се должи на нешто поопуштениот начин на живот.

Имаше одлична кариера како играч, но за жал имаше и големи проблеми со повредите на коленото. Играше за Крузеиро, ПСВ, Барселона, Интер, Реал Мадрид, Милан и Коринтијанс. За репрезентацијата на Бразил забележа 98 настапи и постигна 62 гола.

Роналдо е мнозински акционер во Ваљадолид од септември 2018. Тој поседува 82% од шпанскиот клуб кој сега игра во Ла Лига 2, а неодамна одлучи да го купи Крузеиро, бразилскиот второлигаш во кој ја започна кариерата.

Роналдо беше херојот на Бразил на Светското првенство во 2002 година, каде постигна осум гола на седум натпревари, вклучително и два во финалето против Германија.

Вака денес изгледа Роналдо…

Реклама

Facebook

Реклама