Тен Хаг навести напад врз Кејн: „Ни треба деветка“

Во Англија деновиве се повеќе се зборува за тоа како Манчестер Јунајтед на лето ќе се обиде да ја купи иконата на од Тотенхем Хари Кејн.
Менаџерот на Јунајтед, Ерик Тен Хаг не спомна конкретни имиња, но потврди дека на неговиот тим му треба класичен напаѓач.
„Не е тајна дека игравме со „деветката“ во текот на целата сезона. Роналдо прв си замина, Марсијал и Санчо се повредија, иако тие не се класични напаѓачи. Јасно е дека мораме да донесеме напаѓач, со оглед на Имаме голем број натпревари во текот на сезоната“, изјави Тен Хаг.
Јунајтед наводно е подготвен да потроши 100 милиони евра за Хари Кејн, со тоа што на „Олд Трафорд“ би добивал околу 350 илјади евра неделно.
Последен играч кој дојде од Тотенхем во Јунајтед беше Бугаринот Дмитар Бербатов во 2008 година.



