Тен Хаг: Њукасл заслужено ги освои бодовите
Д М3 дек 2023

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг го призна поразот од Њукасл во натпреварот од 14. коло на Премиер лигата.
Со голот на Ентони Гордон во 55.минута, Њукасл синоќа минимално (1:0) со победи Манчестер јунајтед.
– Имавме тешко време во првото полувреме. На полувремето рековме дека ни е драго што резултатот е нерешен и дека треба да останеме во игра. Ќе имам разговор со тимот. Останавме во игра до самиот крај, Регуилон имаше добри шанси, погодивме, но голот беше поништен поради офсајд, па можеше да биде и нерешено. Но, мора да признаеме дека Њукасл генерално заслужи да победи, изјави Тен Хаг по натпреварот.
Њукасл со 26 бода и се искачи на 5. место во поредокот на Премиер лигата. Манчестер јунајтед падна на 7. место (24 бодови).
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



