SportM
Фудбал

Тер Штеген има повеќе асистенции од Азар во Ла Лига

Д М8 дек 2019
Тер Штеген има повеќе асистенции од Азар во Ла Лига

Марк-Андре тер Штеген ја регистрираше својата втора асистенција оваа сезона во Ла Лига, откако асистираше на Антоан Гризман во победата на Барселона од 5:2 над Реал Мајорка.

Повеќето играчи на Мајорка беа во пределот на Барселона за време на корнер, германскиот голман ја фати топката и дирекно ка дегажираше кај Гриезман, кој дојде лице в лице со голманот и постигна гол.

Французинот го мина половина терен сам и го парализира голманот Маноло Реина, давајќи му ја предноста на Барса.

Тер Штеген ја оствари својата прва асистенција оваа сезона во победата на Барселона од 2:0 над Хетафе во натпреварот во септември.

Ова значи дека голманот на Барса има асистенција повеќе од sвездата на Реал Мадрид, Еден Азар.

Новодојденецот на Мадрид во текот на летото, Азар досега регистрираше само една асистенција во белиот дрес во лигата.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.