Тер Штеген: Не знам многу за фудбалот и не гледам натпревари, дури и не ги паметам играчите по име

Голманот на Барселона даде неочекувана изјава, признавајќи дека не гледа фудбал исто како и другите учесници во најважната споредна работа на светот.
Марк-Андре тер Штеген рече дека слабо се снаоѓа во фудбалот, познавал малку играчи и ретко гледал фудбал.
„Луѓето честопати се смеат кога им велам дека знам малку за фудбалот. Не гледам многу натпревари, само кога играат мои пријатели. Честопати ме прашуваат за некој играч, а јас дури и не знам кој е тој“, рече германскиот нрепрезентативец.
„Најчесто се сеќавам на фудбалерите по нивните движења на теренот, неговиот удар, а не по неговото име. Повеќе сум заинтересиран да зборувам со мојата сопруга за архитектурата“, додаде тој.
Тер Штеген, наводно, е можно засилување за Баерн, откако неговите преговори со Барса за нов договор не одат според планираното.



