SportM
Фудбал

Тешки моменти за несреќниот Фати: Барселона го испраќа во Финска, одлуката е на младиот фудбалер

Д М21 јан 2022
Тешки моменти за несреќниот Фати: Барселона го испраќа во Финска, одлуката е на младиот фудбалер

Младиот фудбалер на Барселона, Ансу Фати (19) синоќа заработи нова повреда.

На дуелот од Купот на Кралот против Атлетик Билбао, Фати го напушти натпреварот по продолженија, и излезе во солзи свесен дека повторно го чека долга пауза.

Барселона денеска потврди дека 19-годишниот напаѓач заработил повреда на бутниот мускул и наскоро ќе биде потврдена должината на неговото опоравување.

Сепак, шпанските медиуми веќе имаат информации за повредата на Фати, а младиот фудбалер би можел да ги пропушти следните два до три месеци, доколку не биде опериран.

Операцијата треба да се одржи во Финска. Одлуката клубот ја препушти на фудбалерот и неговото семејство, па одлуката треба да се знае утре.

Во ноември 2020 година, несреќниот млад фудбалер се здоби со тешка повреда на коленото што го оддалечуваше од теренот цели десет месеци.

https://youtu.be/YOsuD3MTIm4

Тој се врати и постигна пет гола на 10 натпревари оваа сезона. За каталонскиот гигант одигра вкупно 53 натпревари и постигна 18 голови.
 

 

Сепак, Барселона наводно му препорачала на Фати да оди „под нож“. Доколку советот прифати, неговото закрепнување ќе потрае многу подолго и за него оваа сезона ќе биде завршена.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.