SportM
Фудбал

Тестот на Агуеро ги загрижи сите во Барселона

Д М3 јун 2021
Тестот на Агуеро ги загрижи сите во Барселона

Серхио Агуеро пред неколку дена официјално стана нов член на Барселона.

Како што беше најавено, штом го заврши последниот натпревар во сезоната со Сити (финалето на Лига на шампиони), Аргентинецот тргна кон Барселона. Тој потпиша за Каталонците како слободен агент и беше презентиран на „Камп Ноу“. Тој позираше пред фотографите во друштво на неговата сопруга.

“Сите знаеме дека Барса е најдобриот клуб во светот. Затоа мислам дека донесов одлична одлука да дојдам тука и се надевам дека ќе му помогнам на тимот. Секако, ова е чекор напред во мојата кариера. Среќен сум и се надевам ќе освоиме трофеи“– рече Агуеро.

„Сакам да им упатам прегратки на сите фанови. Ќе се обидам да дадам се од себе и се надевам дека навивачите ќе уживаат во моите фудбалски вештини “, додаде тој.

Сепак, не се одвиваше според планот за Аргентинецот. Имено, вчера се појавија информации дека тој е позитивен на коронавирус.

Имаше деманти и прецизно објаснување во кое се наведува дека Агуеро, по позитивен тест, добил и негативен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofíα Cαlzetti (@soficalzetti)

Што се крие зад сето тоа не е познато, но јасно е дека Барселона нема да остави ништо на случајност.

Агуеро минатата сезона, беше позитивен на корона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.