SportM
Фудбал

Тевез за суровата вистина: „Тројцата не знаеја колку е 2+2“

Д М11 окт 2023
Тевез за суровата вистина: „Тројцата не знаеја колку е 2+2“

Новиот тренер на Индепендиенте, легендарниот Карлос Тевез изјави дека во Аргентина има проблеми со фудбалерите кои немаат врска со топката и тоа што се случува на теренот.

Станува збор за нивното образование.

„Кога правевме брзински вежби, прашав некои фудбалери да ми кажат колку е два плус два. А дури тројца од нив не го знаеја одговорот. Сето тоа е поради сиромаштијата.

Можеме да ги нахраниме младите, да ги тренираме да бидат фудбалери, но образование… Тие треба да знаат некои основни работи за да се заштитат од разни измамници во нивните животи утре “, рече Тевез.

Неговиот план е некои играчи да останат и до два часа подолго после тренинг, за да седнат на клупите и да учат …

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.