SportM
Фудбал

„The Sun“: Манџукиќ наскоро на тренинзите на Манчестер Јунајтед

Д М24 ное 2019
„The Sun“: Манџукиќ наскоро на тренинзите на Манчестер Јунајтед

Манчестер јунајтед во неколку наврати се обидуваше да го донесе Марио Манџукиќ, но до денес не е пронајден заеднички јазик.

Манџукиќ се уште е во Јувентус, но факт е дека тој се откажа од италијанскиот шампион и сега само го чека денот кога хрватскиот напаѓач ќе го напушти Торино.

Тој претходно одби трансфери во богатите клубови во Катар и Кина, „The Sun“ тврди дека наскоро ќе потпише за Јунајтед и наскоро треба да им се придружи на тренинзите.

Манџукиќ, наводно, веќе се согласил на трансфер во „Олд Трафорд“, но сака еден месец да ги запознае своите соиграчи што е можно повеќе, пред официјално да игра во црвениот дрес.

Таков беше случајот со Тијаго Силва кога пристигна во Милан од Флуминенсе во 2009 година. Тој тренираше со росонерите пред официјално да потпише со клубот од Серија А.

Не е познато колку ќе заработува во Манчестер, но се шпекулира дека Јуве би можел да заработи околу 10 милиони евра, а Манџукиќ пет милиони евра годишно.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.