Connect with us

Фудбал

Тие играа за него со целото свое срце: Ериксен проговори по пласманот на Данска во осминафиналето

Синоќа репрезентацијата на Данска ја совлада Русија на домашен терен со 4:1 во мечот од последното коло од групната фаза на Европското првенство.

Данците направија голем подвиг во последното коло затоа што успеаја да се пласираат во осминафиналето на ова натпреварување, иако претрпеа два порази на претходните натпревари од групната фаза.

Сепак, Данска синоќа ја победи Русија со 4:1, и отидоа понатаму затоа што Финска беше поразена од Белгија со 2:0. Данска, Финска и Русија имаат по три бода, но поради најдобрата гол разлика Данците завршија на втората позиција.

Претходните десет дена репрезентацијата на Данска мина навистина тешки моменти, но на крајот беа наградени на најдобар начин затоа што успеаја да изборат пласман во нокаут фазата.

Јасно е дека играчите на Данска доживеаја голем шок на натпреварот против Финска кога на теренот колабираше Кристијан Ериксен, кого повеќе нема да го гледаме на Европското првенство.

Беше многу шокантно за играчите на оваа селекција, но откако Ериксен успеа да се извлече и да преживее им даде дополнителна сила во последното коло против Русија.

По синоќешниот натпревар и пласманот во осминафиналето на Евро, Ериксен се огласи на Инстаграм да им честита на своите соиграчи за големиот успех.

Потсетуваме, Данците ќе играат против Велс во осминафиналето на Европското првенство и имаат големи шанси за пласман во следната рунда.

Натпреварот помеѓу Велс и Данска се игра на 26 јуни на стадионот „Јохан Кројиф“ во Амстердам, со почеток во 18 часот.