SportM
Фудбал

Тимо Вернер е нов играч на Челзи!

Д М18 јун 2020
Тимо Вернер е нов играч на Челзи!

Тимо Вертнер е официјално e нов играч на Челзи, потврди лондонскиот клуб на официјалната веб-страница.

Фудбалерот на германската репрезентација беше голема желба на многу екипи, но на крајот тој заврши на стадионот „Стемфорд Бриџ“.

24-годишниот напаѓач ќе остане во Лајпциг до крајот на тековната сезона во Бундеслигата, а тој ќе им се придружи на своите нови соиграчи следниот месец.

Ова значи дека тој нема да игра за Лајпциг во финалето на Лигата на шампионите, што ќе се игра во август.

Оваа сезона Германецот го игра фудбалот на својата кариера затоа што постигна дури 32 гола и додаде 13 асистенции во сите натпреварувања.

“Многу сум среќен што потпишав за Челзи, ова е многу важен и убав момент за мене. Исто така сакам да им се заблагодарам на Ред Бул Лајпциг и на навивачите четири фантастични години. Засекогаш ќе бидете во моето срце. Со нетрпение ја очекувам следната сезона со нови соиграчи, тренер и можеме да направиме одлични работи заедно“, изјави Вернер на официјалната веб-страница на Челси.

Покрај Челзи, за неговите услуги беа заинтересирани и екипите на Баерн, Ливерпул и многу други европски клубови.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.