Connect with us

Фудбал

„Тоа беше конфликт меѓу него и клубот“ – зборува Куман за неговиот однос со Меси

Тренерот на Барселона, Роналд Куман инсистираше на тоа дека нема конфликт меѓу него и капитенот Лионел Меси, по одлуката на легендата на клубот да се премисли и да остане на „Камп Ноу“.

Меси ја извести Барселона дека сака да го напушти клубот по сезоната 2019/20, што беше крајно разочарувачко и депресивно за него откако Барса не успеа да освои ниту еден трофеј и се засрами со пораз од 8:2 од Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Сепак, 33-годишникот се предомисли и реши да остане на крајот, со цел да ја избегне правната битка со клубот што го сака.

Меси се врати на тренинзите за да се подготви за новата сезона, што е последна во неговиот актуелен договор со клубот. Затоа иднината на Аргентинецот е доведена во прашање.

loading...

Куман, кој беше донесен на „Камп Ноу“ на местото на Кике Сетиен по поразот од Баерн, изјави дека секој конфликт што постои е помеѓу играчот и клубот и дека тој и Меси разговарале често откако Аргентинецот реши да остане на „Камп Ноу“. .

„Тоа беше конфликт помеѓу Меси и клубот. Од тогаш разговарав со Меси и ќе продолжиме како и обично“, изјави Куман за „Фокс Спорт“.

„Работиме на новата сезона и велам дека ќе го сториме тоа со оваа група на играчи со кои се подготвуваме“, заклучо тој.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com