SportM
Фудбал

Тоа е јасно предавство кон него…Откриени причините зошто Роналдо ја напушти португалската репрезентација

SPORTM.mk1 окт 2026
Тоа е јасно предавство кон него…Откриени причините зошто Роналдо ја напушти португалската репрезентација

Еду Агире го откри во „Ел Чирингито“ мислењето на Кристијано Роналдо за последните случувања со португалската репрезентација и конфликтот со тренерот Жорже Жесус. Според Агире, на средба помеѓу Кристијано Роналдо, претседателот на Федерацијата на Португалија и Жорже Жесус, тренерот му се извинил на Роналдо за начинот на кој го држел во загревање 30 минути, без да го активира.

„Жорже не само што му се извинил, туку му ветил на Кристијано дека ќе се извини јавно на прес-конференција и ќе признае дека направил ГРЕШКА во неделата“.

Но, според Агире, тренерот Жесус не си го одржал ветувањето: „Жорже Жесус потоа НЕ си го одржа ветувањето… Тој во прес-конференцијата изјави дека Кристијано е ИГРАЧ КАКО СИТЕ ДРУГИ и тоа предизвика Кристијано да ИЗБУВНЕ ОД БЕС. Реалноста е дека Кристијано се чувствува ПРЕДАДЕН од Жорже Жесус.

Замислете дека вашиот тренер доаѓа приватно и ви вели: Не ги средив работите како што треба, заедно сме во оваа ситуација, но извини ме. Ќе ги разјаснам работите на прес-конференцијата и ќе се извинам. Сè ќе биде во ред, не се грижи… и потоа тренерот излегува на прес-конференција и покажува дека тој е тој кој има контрола и дека Кристијано е само уште еден играч. Избувнувањето беше неизбежно. Роналдо рече: Во ред, си одам дома… Тоа е јасно ПРЕДАВСТВО“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.