Тоа е вистинскиот Кристијано Роналдо!

Кристијано Роналдо успеа да стигне до својот 500-ти гол во првенствени натпревари во кариерата и не само тоа, стигна до 501., 502. и 503. гол.
Најдоброто издание на Кристијано Роналдо во последните неколку месеци, дефинитивно најдоброто во неговиот нов клуб Ал Наср кој го совлада Ал Вехда со 0:4.
Сите четири гола беа дело на Кристијано Роналдо.
Интересно, тој веќе се проби до 13. место во листата на стрелци на овој шампионат и првиот (Талиска) има 8 гола повеќе од него.
Првиот гол го постигна во 21. минута од натпреварот, по одлична акција, а на крајот од првиот дел од натпреварот успеа да постигне уште еден гол за големи 2:0. Третиот го постигна од пенал веќе на стартот на вториот дел , а конечниот резултат го постави во 61. минута од натпреварот .
Со оваа победа Ал Наср се искачи на првото место на табелата во саудискиот шампионат.



