SportM
Фудбал

„Тој беше далеку пред Погба, а три пати во една минута ја протна топката низ нозете на Видиќ“

Д М3 мај 2020
„Тој беше далеку пред Погба, а три пати во една минута ја протна топката низ нозете на Видиќ“

Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, тврди дека Равел Морисон бил многу подобар фудбалер од Пол Погба во младинските категории.

Морисон се сметаше за еден од најголемите таленти на англискиот фудбал. Сепак, неговото однесување надвор од теренот и лошата адаптација кон сениорскиот фудбал само го доведоа до просек.

Руни добро се сеќава на Морисон и има само зборови за пофалби за него.

„Го гледав Равел Морисон и размислував за тоа дека има се што е потребно за играч на неговата позиција“, напиша Руни во колумна за „Сандеј Тајмс“ и продолжи:

„Три пати во една минута ја протна топката низ нозете на Немања Видиќ, но тој се бореше со начинот на живот и околината, и тоа е тажно. Гледав како се пробива Погба, Лигард, а од сите нив Равел беше далеку пред. Тој е доказ дека секој фудбалер мора да се научи на професионализам“.

„Доказ дека можете да одите на долг пат е Гери Невил. Тој не беше голем играч, но напорно работеше на секој тренинг, секоја минута и го направи она што го направи. Сер Але порача дека најтешка работа во животот е да се работи напорно секој ден и дека ќе успееш во животот само ако работиш напорно секој ден “.

Морисон во моментов е член на Мидлсборо. Тој таму игра како позајмен играч од Шефилд Јунајтед, а за време на неговата кариера се „прошета“ во голем број клубови во Англија.

Исто така, тој беше член на Лацио и мексиканскиот Атлас.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.