Тој беше единствениот што го предвиде рекордот на Левандовски, уплати тикет и заработи пари – Сега има нов облог!

Роберт Левандовски постигна 41 гол оваа сезона во Бундеслигата, надминувајќи го легендарниот Герд Мулер и неговиот претходен рекорд во 1972 година.
Лева имаше 40 погодоци до последното коло и мечот против Аугсбург. До 90. минута, рекордот на Мулер беше „жив“, но Полјакот постигна гол и дојде до големо достигнување за кое долго ќе се зборува.
Полјакот со својот 41. гол го собори рекордот стар 49 години икона и легенда на Баерн. Но, дали верувавте во тоа пред да започне сезоната? Многумина не, но Олаф Шик, кој пишува за sport1.de, заработи околу 4.000 евра затоа што уплатитл евро пред почетокот на сезоната дека Лева ќе го сруши рекордот на Мулер.
Сега е подготвен да се обложи на сличен облог за следната сезона. Тој е убеден дека сегашниот рекорд на Левандовски ќе биде соборен, односно дека некој ќе постигне најмалку 42 гола.
А, на кого се обложи? На Ерлинг Халанд, напаѓачот на Борусија Дортмунд, кој навистина ги има сите предиспозиции да постигне голем број на голови доколку остане во Германија.
Споменатиот новинар предвиде и испаѓање на Шалке од Бундеслигата пред почетокот на сезоната, па заработи неколку илјади евра и на тој облог.
Новата сезона во Бундес-лигата сигурно може да биде многу интересна. Баерн ќе ја брани титулата, но Борусија со Халанд во напад ќе се обиде да ги сруши Баварците, а прашање е дали повторно ќе го видиме Левандовски во дресот на Баерн, бидејќи има голем интерес од клубови од Англија и Шпанија, но и богатиот ПСЖ.



