SportM
Фудбал

Tој ден ги немаше Меси и Роналдо, но имаше многу повеќе ѕвезди отколку денес

Д М28 окт 2018
Tој ден ги немаше Меси и Роналдо, но имаше многу повеќе ѕвезди отколку денес

Едно од најголемите дерби во светот ќе се игра денес на „Камп Ноу“, каде што Барселона ќе биде домаќин против Реал Мадрид.

Ова „Ел Класико“ ќе се памти долго време, бидејќи ова е прв пат од 2007 година, во составите да ги нема Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Во изминативе 11 години на сцената на ова дерби ги гледавме Меси и Роналдо, но денес за прв пат двајцата најдобри играчи во светот нема да бидат актери на „Ел Класико“.

Како што веќе е познато, Роналдо го напушти Реал Мадрид ова лето и се пресели во Јувентус, додека Меси пред седум доби се здоби со повреда на раката на натпреварот против Севиља. Многумина веднаш се потсетиа на Ел Класико, кој се играше пред 11 години, поточно на 23 декември 2007 година, кога Меси и Роналдо не беа во конкуренција.

Роналдо беше се уште член на Манчестер Јунајтед во тоа време, а во Реал дојде две години подоцна, додека Меси беше принуден да го пропушти натпреварот поради повреда. Тогаш Реал славеше на „Камп Ноу“, а единствениот стрелец на овој меч за 0:1 беше Жулио Баптиста.

Тогаш за Барселона играа: Валдез, Милито, Замброта, Маркез, Абидал, Јаја Туре, Чави, Деко, Иниеста, Роналдињо и Ето.

За Реал Мадрид играа: Касиљас, Рамос, Канаваро, Пепе, Хајнце, Диара, Снајдер, Баптиста, Робињо, Раул, Ван Нистелрој.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.