Connect with us

Фудбал

Тој и заби нож во грб на Барселона и сега сака да се врати во каталонскиот клуб

Чави Симонс своевремено беше голема надеж за Ла Масија од Барселона, но ги изненади сите кога го напушти клубот.

Холанѓанецот како момче пристигна во Барселона каде ги мина речиси сите категории на Ла Масија и од него се очекуваше многу во првиот тим на каталонскиот клуб.

Сепак, Симонс ги изненади сите во летото 2019 година кога не сакаше да го продолжи договорот со Барселона бидејќи доби подобра финансиска понуда од ПСЖ, која на крајот ја прифати.

Симонс потпиша тригодишен договор со парижаните, но моментално е член на јуниорскиот тим и не ја доби шансата во првиот тим што го очекуваше.

Неговиот агент Мино Раиола пред неколку дена потврди дека Симонс сериозно размислува да го напушти ПСЖ на крајот на сезоната и ќе може да го стори тоа без обештетување бидејќи му истекува договорот.

Шпанскиот портал Кадена СЕР објави дека Симонс сака да се врати во Барселона бидејќи е свесен дека направил грешка што го напушти каталонскиот клуб пред две години.

Симонс е во контакт со Каталонците, а Жоан Лапорта и Чави Ернандез немаат ништо против овој Холанѓанец повторно да биде член на Барселона. Сепак, со тоа не се согласуваат навивачите на овој клуб кои се против враќањето на Симонс во Барса.

Реклама

Facebook

Реклама