SportM
Фудбал

“Тој изгледа добро, во врска е со пејачка. Има кул брада, но е сосема просечен играч”

Д М4 авг 2020
“Тој изгледа добро, во врска е со пејачка. Има кул брада, но е сосема просечен играч”

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и интернационалец на Аргентина (освојувач на Светски куп) Оскар Ругери „го прогласи“ стоперот на Барселона, Жерард Пике за просечен фудбалер.

Ругери исто така, како Пике, играше во срцето на одбраната за време на неговите играчки денови.

„Пике е второстепен, просечен играч, како мене, како и многу други“, изјави Ругери за аргентинскиот ФОХ Спорт и продолжи:

“Изгледа добро, во врска е со пејачката … има кул брада, но ако играше за Валенсија тој не би бил славен. Но, тој заврши во Барселона”.

„Тој е како мене – потполно просечен. Добар дефанзивец, но ништо повеќе од тоа. Тој никогаш не е под притисок, освен против големите тимови“, додаде Ругери.

Аргентинецот тогаш откри кој смета дека е најдобар стопер на светот. Според него, тоа е капитен на Реал.

„Серхио Рамос е далеку најдобриот стопер во светот“, рече Ругери.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.