Connect with us

Фудбал

Тој му го направи на Меси она што на ниту еден друг тренер не му беше дозволено: „Некои одлуки не ги воодушевуваат играчите“

За време на дербито на шестото коло во француската Лига 1 помеѓу ПСЖ и Лион, се случи нешто што многу, многу ретко се случува.

ПСЖ славеше со 2:1, но потегот на вечерта го направи тренерот на Париз, Маурисио Покетино, кога го замени Лионел Меси во 76. минута. Аргентинецот не се ракуваше ниту со Покетино, тој беше видно лут и разочаран што беше сменет, а медиумите веднаш утврдија дека Аргентинецот е несреќен во Париз иако неодамна пристигна.

Да потсетиме, тој дојде од Барселона на 10 август како слободен играч, но сепак нема постигнато ниту еден гол за својот нов тим. Досега одигра три натпревари.

На прес-конференцијата по натпреварот, тренерот на ПСЖ се осврна на ова прашање.

“Мислам дека сите знаат дека во тим од 35 луѓе имаме многу одлични играчи. Мораме да носиме одлуки, не само за првите единаесетмина, туку и кога станува збор за замените, имајќи предвид дека сето тоа е во корист на тимот. Понекогаш тие одлуки се позитивни, понекогаш не, но тоа го прават тренерите“, рече Покетино.

“Нашите одлуки не секогаш ги радуваат играчите. Сепак, тука немаше проблеми. Го прашав Меси како е, а тој рече дека е добро и дека нема проблеми”, рече аргентинскиот стручњак.

Големи надежи беа дадени на Меси во Париз, но првиот месец на Аргентинецот е далеку од совршен. Не може да се каже дека Меси е надвор од форма, бидејќи неодамна блескаше за Аргентина, но се чини дека му треба малку време за да се вклопи во системот на игра на ПСЖ.

ПСЖ е на максимален учинок од 18 поени по шест одиграни кола во Лига 1, но во Лигата на шампионите изненадувачки се сопна во првото коло бидејќи одигра 1-1 против Клуб Бриж.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама