Тој не сакаше да го напушти стадионот по натпреварот, а потоа дојде момент за паметење (ВИДЕО)

Лондонскиот дуел од четвртфиналето на Лига купот синоќа го одиграа Тотенхем и Вест Хем.
Во многу возбудлив натпревар, Тотенхем победи со 2:1 и се пласираше во полуфиналето, каде го очекува дуел против Челзи.
Иако беа поразени, Чеканите имаа поддршка на овој меч.
На крајот од натпреварот, еден навивач на Вест Хем не сакаше да го напушти стадионот. Стануваше збор за момче кое имаше желба да се фотографира со еден од фудбалерите на Вест Хем.
Обезбедувањето не му дозволило на споменатото момче да влезе на терен, а кога ја виделе упорноста на момчето решиле да му помогнат. Момчето рече дека сака фотографија со Деклан Рајс. Обезбедувањето го повикало Рајс кој дошол, а потоа и неверојатно изненадување.
Фудбалерот на Вест Хем го соблече дресот и му го подари на споменатиот навивач, а овој потег наиде на ентузијазам во јавноста.
Declan Rice once again bringing the wholesome content ⚒️
Easily one of the soundest guys in the game.pic.twitter.com/s5DISDQQpb
— COPA90 (@Copa90) December 23, 2021
Сигурно младиот навивач засекогаш ќе го памети овој момент, бидејќи фудбалерот на Вест Хем покажа како се станува ѕвезда и надвор од теренот.



