Тони Крос ги пропушта следните неколку натпревари
Д М28 сеп 2020

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос се повреди на натпреварот против Бетис.
Реал славеше со 3:2 на споменатиот натпревар, а Крос се здоби со повреда на мускулите на левата нога, па некое време ќе биде надвор од терените.
Не е познато до кога ќе отсуствува, но шпанските медиуми објавија дека германскиот репрезентативец ќе ги пропушти натпреварите во следните две до три недели.
Тоа значи дека тој нема да игра во среда против Ваљадолид и Леванте во недела, ниту за Германија на октомвриските натпревари во Лигата на нации.
Крос е многу важен и за Реал и за Германија, но среќа во несреќата е што и Реал и Германија штотуку ја започнуваат сезоната и дека немаат премногу тешки ривали во следните 15 дена.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



