SportM
Фудбал

Тони Крос му постави важен услов на Реал Мадрид пред повторно да потпише со клубот

Д М13 ное 2022
Тони Крос му постави важен услов на Реал Мадрид пред повторно да потпише со клубот

Раководството на Реал Мадрид и една од најголемите легенди на тимот – Тони Крос продолжуваат со љубопитниот флерт околу преговорите за обновување на договорот на Германецот со Кралскиот клуб.

32-годишниот играч од средниот ред сака да остане и да игра уште малку за тимот, но само под еден услов – сака да знае дали ќе биде редовен стартер и ќе ја добие минутажата што ја сака во изборот на Карло Анчелоти, објави шпанскиот весник „СПОРТ“ .

Договорот на Крос истекува на крајот на сезоната 2022/23. Сепак, постои голема можност двете страни да не можат да се ракуваат, бидејќи Карло Анчелоти полека почнува да го воведува младото дуо Аурелиен Чуамени и Едуардо Камавинга во својот среден ред.

Крос несомнено стана еден од клучните играчи на Сантијаго Бернабеу. Зад себе има 383 натпревари со белиот дрес, на кои постигна 26 гола и 87 асистенции. Германецот 5 пати ја освоил Лигата на шампионите и три пати Ла Лига.

Неодамна, навивачите на Реал беа сведоци на нешто невидено , а во главната улога беше Тони Крос.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.