SportM
Фудбал

Тони Крос со својата одлука го „замрзна“ Реал Мадрид

Д М19 мај 2022
Тони Крос со својата одлука го „замрзна“ Реал Мадрид

Договорот на Тони Крос со Реал Мадрид истекува во летото 2023 година.

Откако пристигна во Реал Мадрид како светски шампион со Германија во 2014 година, Крос стана несомнен стартер во тимот на Лос Бланкос.

Германецот е познат како многу дисциплиниран фудбалер, работи во мир и тишина, а воопшто не привлекува премногу внимание кон себе.

 

Неговиот договор со Реал истекува за една година. Неодамна му беше понудено продолжување на соработката, но Крос одби.

 

Имено, искусниот 32-годишен фудбалер изјави дека не е вистинско време за преговори и дека сака да го чека почетокот на следната сезона.

Планот на овој одличен фудбалер е да види како ќе реагира неговото тело и дали ќе биде подготвен за најголемите предизвици на врвно ниво.

 

Крос кој ги следи и почитува неговите одредени принципи неколку пати изјави дека нема намера да ја продолжи кариерата и со тоа да му наштети на своето тело.

 

Од неговото доаѓање, играчот од средниот ред никогаш не правел проблем и преговорите за продолжување и самото продолжување секогаш се одвивале без проблеми и работата би била брзо завршена.

 

Токму поради оваа причина Реал е малку изненаден од одлуката на Крос да ги одложи преговорите за уште еден период, бидејќи поранешниот играч на Баерн дефинитивно се уште не е за старо железо.

 

Во последните сезони, Крос во тандем со Касемиро и Модриќ го создаде еден од најдобрите играчи од средниот ред во историјата на фудбалот. Со Реал досега успеа да освои 16 трофеи.

 

 

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.