SportM
Фудбал

Топката може да помине покрај Пепе, а играчот не: Страшен директен судир го означи почетокот на натпреварот (ВИДЕО)

Д М9 мар 2022
Топката може да помине покрај Пепе, а играчот не: Страшен директен судир го означи почетокот на натпреварот (ВИДЕО)

Порто и Лион на стадионот Драгао го играат првиот осминафинален натпревар во Европската лига, а по само 30 секунди игра следуваше пауза која траеше пет минути.

Главните улоги ги имаа дефанзивецот на домашниот тим Пепе и играчот од средниот ред на Лион Лукас Пакета, кои имаа жесток директен судар во првиот напад.

Пакета се обиде да го мине Пепе, дојде до жесток судир и шпанскиот судија Хозе Марија Санчез Мартинез го прекина натпреварот.

Медицинската служба брзо реагирала. На двајцата фудбалери им беше укажана помош, а натпреварот продолжи по пет минути пауза.

Пепе и Пакета го продолжија натпреварот со потсетување на главите дека имало жесток удар.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.