SportM
Фудбал

Тотенхем беше поразен во дербито, но Кејн постави нов рекорд

Д М2 окт 2022
Тотенхем беше поразен во дербито, но Кејн постави нов рекорд

Дербито на северен Лондон се одигра, а победата ја оствари екипата на Арсенал, која натпреварот го одигра на својот стадион.

 

Арсенал беше многу подобар противник на овој натпревар, кој победи со 3:1 и остана на првото место на табелата и по овој натпревар.

 

Головите за победа на „топчиите“ ги постигнаа Партеј, Габриел Жесус и Џака, а утешниот гол за Тотенхем го постигна Хари Кејн од пенал.

Интересно, Арсенал е омилениот противник на напаѓачот на Тотенхем, бидејќи тој редовно постигнува голови против нив, а тешко е да се запамети натпревар кога не го направил тоа.

 

Кејн собори своевиден рекорд кој го држи Вејн Руни, а тоа е бројот на постигнати голови на гостински терен.

 

Имено, напаѓачот на Тотенхем го постигна својот стоти гол на гости во англиската Премиер лига, со што стана првиот играч на кого тоа му успеало.

 

Потребни му беа 147 настапи, што е навистина голем успех со оглед на тоа што не игра за еден од најсилните клубови во Англија.

 

Рекордот претходно беше во сопственост на Вејн Руни, кому му беа потребни дури 243 натпревари, а Кејн покажува дека е еден од најдобрите напаѓачи во светот.

 

И покрај одличната игра и голот на Кејн, Тотенхем денеска не можеше да избегне пораз на Емирати против градскиот ривал.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.