SportM
Фудбал

Тотенхем контактира со Барселона: Лондонскиот клуб сака да го донесе Миралем Пјаниќ

Д М2 јул 2021
Тотенхем контактира со Барселона: Лондонскиот клуб сака да го донесе Миралем Пјаниќ

Миралем Пјаниќ скоро сигурно ќе ја напушти Барселона во следните недели.

Пјаниќ пристигна во каталонскиот клуб пред една година од Јувентус како големо засилување, но во првата сезона во Барселона немаше приближна минутажа како што очекуваше.

Играчот за врска беше во позадина на Роналд Куман, кој исто така им даде предност на некои играчи од младинскиот тим, што беше јасен показател дека не сметаше на Пјаниќ.

На крајот на сезоната се шпекулираше дека Куман би можел да ја напушти Барселона, но претседателот Жоан Лапорта реши да го поддржи.

Ова беше јасен показател за Пјаниќ дека мора да бара нов клуб доколку сака да игра бидејќи е тешко да се очекува дека ќе се смени неговиот статус доколку остане во Барселона и следната сезона.

Пјаниќ веќе подолго време се поврзува со враќање во Јувентус, а покрај тоа интерес покажаа и ПСЖ и Челзи.

Сепак, сè уште нема конкретни понуди за Пјаниќ од овие клубови, а Барселона е подготвена да го ослободи за вистинска цена.

Каталонски Спорт пред неколку дена објави дека Тотенхем е заинтересиран и за Пјаниќ, во кој Фабио Паратичи, кој до вчера работеше во Јувентус, ја презеде функцијата спортски директор.

Паратичи сака да го донесе Пјаниќ во Тотенхем и денес се појавија информации дека тој веќе остварил контакти со челниците на Барселона. Во Тотенхем сакаат да ја знаат цената на репрезентативецот на БиХ и не е познато дали ќе понудат размена на играч.

Исто така, Тотенхем е заинтересиран следната сезона да го донесе Пјаниќ на позајмица со можност за откуп на договор, но во Барселона тие се повеќе за опцијата веднаш да го продадат.

Сигурно е дека преговорите ќе бидат доста интересни помеѓу Барса и Тотенхем, а судбината на Пјаниќ сигурно ќе се знае во наредните недели.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.