SportM
Други

Трагедија, почина млад македонски кикбоксер, беше еден од најдобрите!

Редакција10 мар 2025
Трагедија, почина млад македонски кикбоксер, беше еден од најдобрите!

Македонскиот кикбоксер Милан Кубин, кој беше член на клубот „Гладијатор“ од Скопје, почина, а причините за неговата смрт засега не се познати.

Тој беше еден од најдобрите македонски кикбоксери, освојувач на голем број признанија и медали на домашни и меѓународни натпревари, а најголем успех му беше сребрениот медал на Европското првенство во Лутраки, Грција, пред осум години, како и признанието „Најдобар спортист на Град Скопје“ во 2016 година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.