Трансферот на Кавани во Атлетико не успеа

Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани сега реши да остане во ПСЖ до крајот на оваа сезона,.
Единсон Кавани овој месец бараше преселба во Атлетико Мадрид, но преговорите меѓу играчот, неговиот клуб и шпанските гиганти не успеаја само неколку часа пред истекот на јануарскиот рок.
Јануарскиот рок се затвора во петок во 24 часот и престижното француско списание „Л’Екипе“ тврди дека Кавани ќе остане во ПСЖ до крајот на сезоната.
За напаѓачот беа заинтересирани и Челзи и Манчестер Јунајтед. Дури и лондончаните понудија да го земат Кавани на позајмица бидејќи му се допадна на тренерот Френк Лампард.
Атлетико Мадрид веруваше дека ќе до доведе Кавани, но шпанскиот весник „АС“ тврди дека барањата на агентот на играчот го принудиле клубот од Ла Лига да се повлече од преговорите.
Трансферот во Атлетико изгледа дека пропадна, бидејќи Караско е чекор до враќање во неговиот поранешен клуб.
Договорот на Кавани со ПСЖ истекува на крајот на јуни оваа година, така што тој сега може да започне со преговори со клубовите за да постигне договор за да оди каде сака како бесплатен играч во текот на летото.



