SportM
Фудбал

Трансферот на Левандовски ги израдува малите клубови: Добија огромни цифри поради одличниот напаѓач

Д М4 авг 2022
Трансферот на Левандовски ги израдува малите клубови: Добија огромни цифри поради одличниот напаѓач

Роберт Левандовски (34) летово за 45 милиони евра се пресели од Баерн во Барселона.

По долга трансфер сага, сонот на Левандовски конечно се оствари. Тој потпиша за Барселона и започнува нова фаза од неговата кариера.

Трансферот на полскиот напаѓач израдува многу клубови каде што претходно настапуваше овој играч. Ќе добијат доста убави бројки од солидарниот фонд, кои добро ќе им дојдат особено на малите екипи од Полска.

Така тимот на Варсовија каде Левандовски ги направи првите фудбалски чекори ќе инкасира исклучително добри 564.750 евра. Оваа бројка е секако огромна за овој мал и не многу познат тим.

Уште два помали тима добија бројки кои им овозможуваат мирно да функционираат одреден период. Делта Варшава доби 242.415 евра, а Знич Прушков ќе добие нешто повеќе од 450.000 евра.

Убава фигура доби и Лех Познањ. Имаат право на 471.375 евра, Легија доби 200.070 евра, а Борусија Дортмунд вкупно 320.895 евра.

Апсолутно сите профитираа од трансферот на Роберт Левандовски, особено Баерн кој зема 45 милиони евра за човекот кој беше во последната година од договорот.

Полскиот напаѓач освои апсолутно се што можеше со Баерн во претходните осум години. Собори и бројни рекорди, постигнувајќи 344 гола на 375 натпревари.

Претставувањето на полскиот напаѓач на стадионот Камп Ноу е закажано за в петок. Некои проценки велат дека на трибините ќе дојдат 30.000 навивачи, со што би бил соборен рекордот на Роналдињо, кој во 2003 година го поздравија 25.000 луѓе.

Своето официјално деби во дресот на новиот клуб Лева ќе го има на 13 август против Рајо Ваљекано на почетокот од новата лигашка сезона. Шест дена претходно ќе се одигра пријателски натпревар со мексиканскиот Пумас.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.