SportM
Фудбал

Тренерот на Ман Јунајтед: Можевме да победиме со 12:4

Д М21 дек 2020
Тренерот на Ман Јунајтед: Можевме да победиме со 12:4

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер го пофали учинокот на неговиот тим во победата од 6:2 над Лидс Јунајтед во неделата, велејќи дека натпреварот може да заврши со резултат од 12:4.

Двете екипи беа многу ангажирани на оваа средба, реализирајќи 43 удари кон противничкиот гол во текот на 90 минути на „Олд Трафорд“.

По шест одиграни натпревари во Премиерлигата на домашен терен оваа сезона, Јунајтед постигна само три гола, но Солскјер беше воодушевен бидејќи неговиот тим се врати во форма на домашен терен.

„Овој натпревар беше фантастичен од првата минута. Имавме план да ги следиме, да одиме напред кога ќе ја имаме топката, а Скот Мектоминај постигна два гола во првите три минути“, рече тренерот.

„Замислете само да имаше 75.000 луѓе на стадионот, тоа ќе остане во историјата како еден од одличните настапи против Лидс“.

„Можеше да биде 12-4! Тоа беше таква игра“, додаде Норвежанецот.

Манчестер јунајтед сега е на третото место со само пет бода помалку од лидерот Ливерпул, кој има натпревар повеќе одигран од „црвените ѓаволи“ .

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.