Тренерски смени во Првата лига: Ренова остана без тренер, Влахо нов „кормилар“ на Работнички
Д М17 јун 2019

Во текот на денешниот ден се случија две тренерски смени во македонските фудбалски прволигаши.
Тимот на Ренова од Тетово остана без тренер, откако поранешниот селектор Никола Илиевски – Џиџи не се договори со клубот за продолжување на соработката. Така сега клупата на тимот од Џепчиште остана празна, а се шпекулира дека на „кормилото“ ќе седне помошникот тренер на репрезентацијата Џенгис Реџепи.
Во исто време, тимот на Работнички доби нов предводник во името на Александар Влахо. Влахо работеше како помошник на Гоце Седлоски најпрво во Хоризонт Турново, па во Вардар, во Минск и сега во Широки Бријег. Ова ќе му биде прв предизвик како шеф на стручен штаб на еден прволигаш.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



