Третиот најбогат човек на светот сака да го купи Милан и да ги донесе Гвардиола и Меси

Лионел Меси и Пеп Гвардиола се дел од предлогот на Бернард Арно, третиот најбогат човек во светот според „Форбс“, тој сака да го преземе италијанскиот гигант, Милан.
Францускиот милијардер Бернард Арно – третиот најбогат човек во светот според „Форбс“ и сопственик на конгломератот LVMH, во кој се наоѓаат Луи Витон и Мое Хенеси – се вели дека го сака Милан.
Тој сака да го купи италијански гиганти Милан и сака да ги донесе Пеп Гвардиола и Лионел Меси за да започнат уште едно златно доба на „Сан Сиро“.
„Ла Република“ во средата објави дека Арно, за кој се верува дека има богатство од 106,6 милијарди евра, е подготвен да стори сé што е потребно за да го отстрани досегашниот сопственик на Милан, корпорацијата за управување, Елиот, од клубот.
Планот на Арно нема да биде лесен, бидејќи Меси не се очекува да биде подготвен да го напушти „Камп Ноу“, додека Гвардиола изрази среќа во Манчестер Сити.
Арно последниве години инвестираше во многу различни бизниси, но тој сè уште не се соочил со предизвик во фудбалот. Сепак, тој можеше да го искористи Милан за да се прослави и во фудбалскиот свет.



