Connect with us

Тајмаут

Три дена откако е ослободен од обвинувања за силување, сопругата на Алвеш откри: Бремена сум!

Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвеш пред три дена беше ослободен од обвиненијата за силување во ноќен клуб во Барселона, за што претходно беше осуден на четири и пол години.

Алвеш минатата година помина неколку недели во затвор, плати кауција од еден милион евра за да излезе, а сега сè падна во вода. Алвеш минува низ многу тежок период, бидејќи поради се пропадна и неговиот брак со манекенката Џоана Санз, но по неколку месеци таа реши да се смири со Бразилецот.

Тоа беше пред околу една година, а денеска, три дена по ослободувањето на Алвеш, Џоана објави дека е бремена. Ваквата вест доаѓа по нејзините три спонтани абортуси.

„Не сакав да споделам ништо додека не беше повеќе од очигледно, но сакав да го споделам за оние кои се борат“, напиша Санз на Инстаграм.

„Од мојата 22 година, морав да се справувам со прашања како „Кога доаѓа бебето?“… Каков застрашувачки социјален притисок. Никогаш не го имав мајчинскиот инстинкт, таа желба да имам деца или да сакам да носам нечие бебе.

Легендарниот Бразилец Дани Алвеш е ослободен од обвиненијата за сексуален напад, осуден е на четири ипол години затвор Инаку, двајцата почнаа да се забавуваат во 2015 година, а се венчаа во 2017. Алвеш ги има ќерката Викторија и синот Даниел од претходниот брак со Динор Сантана.