Connect with us

Фудбал

Три пенали, автогол, фестивал на грешки и реми помеѓу Барселона и Атлетико

Објавено:

Фудбалерите на Барселона и Атлетико Мадрид ги поделија бодовите во вчерашниот дуел на Ла Лига, кој се играше на стадионот „Камп Ноу“, бидејќи натпреварот заврши 2: 2.

Барселона беше првата што го презеде водството во мечот со автогол на Диего Коста. Тоа беше во 11-та минута. Само осум минути подоцна, Саул ги враќа работите на почетокот со гол од белата точка.

Слично сценарио се случи и во второто полувреме. Прво, Меси ја врати предноста на Барса од пенал во 50-тата минута, а во 62-та минута од натпреварот, Саул повторно се изедначи од пенал и тоа беше конечниот резултат на дуелот.

Барселона по новото реми останува на 2-то место и има бод помалку со натпреварот повеќе од Реал, додека Атлетико е сеуште трет со 11 бода помалку од Барса.

Во следното коло Барса ќе игра против Виљареал, додека Атлетико ќе ја пречека Мајорка.

Ла Лига, 33. коло:

Барселона – Атлетико Мадрид 2:2

 

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама