Три засилувања со кои Перез ќе го направи Реал Мадрид најмоќниот тим на светот

Медиумите кои го поддржуваат Реал Мадрид веќе го подготвуваат теренот за следниот преоден рок на Реал Мадрид.
Реал Мадрид успеа да направи „невидлива“ промена на генерации, откако во тимот има се помалку играчи кои трипати по ред успеале да ја освојат Лигата на шампионите.
Минатата сезона, благодарение на спојот на младоста и искуството, Реал се искачи на европскиот трон, но општиот впечаток е дека има тимови кои имаат подобри и попотентни играчи, како ПСЖ и Манчестер Сити пред се.
Флорентино Перез во неколку наврати во минатото ги направи кралевите најмоќниот тим во светот, а истото има намера да го направи и следното лето, барем така тврди АС Мадрид.
Стари вук планира да доведе тројца фантастични напаѓачи кои ќе го направат Реал најмоќниот тим во светот, а воедно и значително ќе го подмладат тимот.
Карим Бензема, Тони Крос и Лука Модриќ нема да можат вечно да играат на сегашното ниво и Перез е свесен дека им требаат засилувања во средниот ред и нападот.



